Перез е самоуверен: Реал Мадрид ќе ја добие битката за ѕвезда од 115 милиони евра

Реал Мадрид постојано се поврзува со најзвучните фудбалски имиња, но веќе долго време медиумите пишуваат дека во шпанскиот гигант ќе пристигне Џуд Белингам.

Иднината на Лука Модриќ и Тони Крос сè уште не е позната, додека развојот на Едуардо Камавинга не се одвиваше според плановите и затоа Белингам треба да ја пополни „дупката“ во екипата.

Иако за 19-годишниот англиски репрезентативец постои голем интерес и од други гиганти, сепак првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез е самоуверен дека може да ја добие битката за Белингам.

Освен „кралскиот клуб“, за услугите на Белингам се заинтересирани Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул.