„Меси е дури петти најдобар напаѓач против кого сум играл“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Многу е тешко да се поверува дека било кој дефанзивец може да го стави Лео Меси е дури на петтото место на најдобри напаѓачи со кои се соочил низ кариерата.

    Манолас на прво место го стави Златан Ибрахимовиќ, но прво објасни зошто Меси е дури на петтото место.

    „Тој не е класичен напаѓач повеќе игра на позиција крило и поради тоа никогаш директно не го чував. Затоа морам да го ставам дури на петтото место“, рече Манолас па тогаш го пофали Ибрахимовиќ.

    „Ибрахимовиќ е продукт на природата. Не можете практично да му парирате  во текот на натпреварот бидејќи е физички неверојатно силен и тоа ви претставува проблем. Освен него, во топ би ги ставил  Суарез, Бензема и Кристијано Роналдо“, рече Манолас.