Познато уште колку ќе игра Бензема во Реал Мадрид, по што ќе замине во пензија


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема се повлече од националниот тим по Мундијалот во Катар поради проблеми со неговите сонародници, а сега се појавија шпекулации за неговата иднина во Реал Мадрид.

Бензема планира да остане во Мадрид уште најмалку две години, по што ќе замине во пензија како фудбалер на „кралевите“.

Искусниот напаѓач конечно ја освои „Златната топка“ откако имаше неверојатни резултати минатата сезона, а наскоро ќе потпише нова соработка до 2024 година.

Бензема сака да живее во Мадрид и по завршување на кариерата, а веќе поднел барање за да купи нова куќа.