Аргентинска ѕвезда се договори со Јувентус!?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ќе го засили средниот ред со аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер.

Мекалистер одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот во Катар, па со своите настапи го привлече вниманието на европските гиганти.

Овој 23-годишен фудбалер за врска пристигна во Брајтон од Бока јуниорс за 12 милиони евра и неодамна потпиша договор до 2025 година, па Јувентус ќе мора да плати поголема сума за да го обезбеди неговиот потпис.

Јувентус е подготвен да плати околу 30 милиони евра плус бонуси за Мекалистер.