Официјално: Роналдо потпиша за Ал Наср

Кристијано Роналдо потпиша договор со Ал Наср, па конечно се потврдија сите шпекулации кои се појавија во претходниот период.

Екипата ја потврди информацијата на профилот на Твитер, а ова е историски момент за екипата, но и за Саудиска Арабија.

„Пишуваме историја. Ова е засилување кое ќе нè инспирира како клуб да направиме подобри резултати, туку и ќе ја инспирира цела лига и нашата земја“, објавија од клубот.

Роналдо од договорот со Ал Наср ќе заработува над 70 милиони евра по сезона.