Џејмс го прослави 38. роденден со настап кој долго ќе го памети (Видео)

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го прослави неговиот 38. роденден на најдобар можен начин, откако во победата на Лос Анџелес лејкерс од 130-121 против Атланта хокс постигна 47 поени, 10 скокови и девет асистенции.

Тоа беше најдобар настап за него оваа сезона, а ривалите едноставно немаа решение за расположената ѕвезда на Лејкерс.

Денвер на крилјата на Никола Јокиќ славеше против Мајами хит со 124-119. Србинот постигна 19 поени, 12 скокови и 12 асистенции.

Голден Стејт беше подобар од Портланд со 122-118, а Пул постигна 41 поен за победничката екипа, додека кај поразените блесна Лилард со 34 поени.