До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ја победи во Зеница селекцијата на Кипар во 3 коло од Групата Х од квалификациите за пласман на СП во 2018 година.
„Змајевите“ дури во финишот од натпреварот со головите на Един Џеко го скршија отпорот на островјаните и останаа во трка за најголем пласман во својата група.
БиХ е трета на табелата со 6 бодови, додека водечки се Белгија и Грција, кои вечерва остварија победи против Естонија и Гилбралтар на водечките позиции со три бода повеќе.
Дуелот меѓу Гибралтар и Белгија го одбележа и водечкиот гол на Кристијан Бентеке веќе во седмата минута, што е најбрз погодок со историјата на репрезентативните мечеви во сите натпреварувања.
Во дербито на вечерта Франција во групата на А на Амстердам Арена со голот на Пол Погба запиша три бода.
Најскапиот фудбалер на светот шутираше од 30 метри, а чуварот на мрежата на Холандија Мартен Стекеленбург невнимателно интервенираше.
Шведска во оваа група беше сигурна против Бугарија, додека Луксембург однесе бод од Белорусија.
Франција и Шведска го делат првото место со 7 бодови, додека Холандија собра 4.
Во групата Б шампионот на Европа Португалија после триумфот против Андора (6:0) на гостувањето на Фарски Острови ист број на голови, со хет-трик на напаѓачот на Порто Андреа Силва.
Швајцарија не блескаше против Андора, но забележа уште една победа во гости, додека Унгарија исклучително важен триум запиша во Летонија.















