Роналдо имал уште една понуда пред да потпише за Ал Наср


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера стана нов фудбалер на Ал Наср од Саудиска Арабија, откако потпиша договор на две ипол години.

Роналдо по две децении во врвниот фудбал реши да се пресели во Саудиска Арабија и ќе заработи многу пари, но тој имал уште една понуда од МЛС-лигата.

Новинарот на „ЕСПН“, Тејлор Твелмен објави дека Спортинг Канзас сити испратил понуда која била идентична на таа од Ал Наср.

Роналдо, сепак, решил да не се пресели во Канзас сити и подобра опција за него е Ал Наср, каде што брани Давид Оспина, а во екипата се уште и Алваро Гонзалес и Бразилецот Луис Густаво.