До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Француските медиуми наведуваат дека два големи англиски клубови Ливерпул и Евертон се спремни да испратат огромни пари за новиот „Пол Погба“.
Тоа е “етикета“ на одличниот француски фудбалер Соулихо Меите,член на Лил кој судејќи по своите играчки карактеристики асоцира на Пол Погба, најскапиот фудбалер на сите времиња кој во ова лето го замени дресот на Јувентус со тој на Манчестер Јунајтед.
Меите моментално настапува за Зулте Варегем, тим за кој забележа голем број на фантастични партии, а истотака, се работи и за стандарден репрезентативец на Франција во младите категории.
Според некои проценки Лил нема да се откаже под сума од околу 13 милиони евра.















