Челси си купи нов дефанзивец за 38 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси денеска потврди дека си купил нов дефанзивец од Монако, а станува збор за Беноа Бадијашиле за 38 милиони евра.

Талентираниот фудбалер доаѓа од Монако и потпишал договор до јуни 2029 година, па треба да ја зацврсти одбраната на премиерлигашот кој во моментов смета на ветераните Калиду Кулибали и Тијаго Силва.

„Тој е одличен фудбалер. Сигурни сме дека ќе биде важен дел од екипата во следните години“, кажа газдата на Челси, Тод Боели.