Тренерот на Бенфика му се налути на Челси: Го полудеа Енцо…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси се откажа од трансферот на Енцо Фернандез бидејќи Бенфика не сакаше да им го продаде за 85 милиони евра, туку бараа 120 милиони евра колку што изнесуваше неговата клаузула.

Премиерлигашот веднаш ги договори условите со Енцо, но преговорите со Бенфика не се одвиваа како што треба и затоа Челси се повлече, но тоа го налути тренерот на португалската екипа.

„Челси покажа непочит. Само го полудеа Енцо. Беа свесни дека за да го купат ќе мора да платат 120 милиони евра и најавија дека ќе ја платат сумата, но потоа се премислија и сакаа да преговараат“, кажа Шмит.