До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Сега е лесно да се рече дека тоа беше лоша одлука. Комплетната ситуација околу мене ме доведе до очај, бидејќи не можев да пружам се од себе“ ,рече некогашната Златна копачка на Европа.
Легендарниот напаѓач на Црвена Звезда Дарко Панчев во долгого интерву за Газета дало Спорт, зборуваше за околностите кои го спречија за во Интер да направи кариера каква што се очекуваше од еден од најдобрите европски напаѓачи.
Македонскиот голгетер на Џузепе Меаца стигна како Златна копачка на Европа о најдобар стрелец кој легендарниот милански клуб можеше да го доведе во своите редови.
Во еден од 10 најскапи трансфери на светот.
Сспак, се брзо се промени и тргна во погрешна насока, што се испостави како погубно за кариерата на Дарко.
„Сега е лесно да се каже дека тоа беше лоша одлука. Бидејќи како што времето одминуваше почувствував олеснување бидејќи не бев единствен кој направил таква грешка. Бањоли не беше лош тренер, но не беше за Интер. Комплетната ситуација околу мене ме доведе до очај, бидејќи не можев да пружам се од себе. А кога ќе помислам дека одбив понуди од Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед…“, уште со одредено неверување потведи Панчев.
Зборуваше за лошата соработска со Салваторе Скилачи.
„Можам да ви кажам само две работи. Со Тото имав одличен однос, но да играв колку и тој тој ќе дадев многу повеќе голови. Не сум трчал? За разлика од другите напаѓачи, трчав кога е потребно, користејќи ја максималната брзина да стигнам до топката. Но во тоа време навивачите на Интер се воодушевуваа кога некој со лизгачки старт ќе одземе топка, бидејќи во тоа време немаше пас игра“.
https://www.youtube.com/watch?v=ZCkoadaS8hw&feature=youtu.be
Сепак, другите поранешни играчи на Црвена Звезда, како Михајловиќ, Југовиќ и Савичевиќ, беа во состојба да го изнесат товарот во Серија А.
„Савичевиќ во првата година во Милан имаше свои проблеми. Но тој беше во друг тим, со друг претседател и подруга организација.
Ги разбирам навивачите, дојдов како топ играч и очекувањата беа големи. Но погледнете Шевченко во Челси, Анри во Јувентус, Замер во Интер….Лошо играа, се сеќавам кога после натпреварот со Реџана ми се довери Денис Бергкамп: Дарко, се чувствувам лошо на терен“, а јас му одговорив: Па нормално кога ќе постигнеме голови сао од прекини на Соса“, Соса и Замер после ја пронајдоа својата среќа, но јас бев премногу горделив и уверен во своите квалитети. Реков “Не“ на Фергусон и Манчестер Јунајтед, останав во Интер и ја изгубив кариерата“.
Доаѓање во Италија претставуваше најдобра можна опција за сите големи играчи од тоа време.
„Серија А повеќе не е таа што беше некогаш, а пред или подоцна поради тоа ќе трпи и националниот тим. Во последно време повеќе следам Бундеслига, Премиер лига, Примера и Лига 1, отколку Серија А. Соевремено, за да дојдам во Серија А морав да освојам Куп на Шампионите и Златна копачка, што доволно покажува дека лигата повеќе не е иста“.
Дарко денеска себе се споредува со најдобрите европски напаѓачи.
„Се гледам себеси во Левандовски. Потоа во Суарез. Денеска сакам да играм во тим кој игра на голови како Барселона или еден од тие кои никогаш не се откажуваат како Баерн. Беше тоа забавно“, рече Панчев.















