Понуда која не се одбива: На Барселона 222 милиони евра, а на Нејмар плата од 42 милиони евра годишнo


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пари Сен Жермен е спремен повторно да тргне во лов на ѕвездата на Барселона Нејмар и планира да ја зголеми понудата на 222 милиони евра!

    После долга  и безупешна борба за Кристијано Роналдо, во минатото лето челниците на клубот тргнаа по Нејмар.

    Насер Ел Келаифи и Оливер Летанг поставија црвен тепих за Бразилецот  и му нудат плата каква што има Меси во Барселона, и некои богати клаузули.

    Спортскиот директор на клубот редовно е во врска со луѓето на Нејмар, а според избори блиски на клубот, веќе во летото беше блиску до договор, но Нејмар сепак се одлучи за нов договор, кој му гарантира плата од 25 милиони евра годишно, до 2021 година.

    „Договорот е договорен во јануари, само адмистративни работи спречија со потпишување уште од тогаш“, вели извор од клубот.

    Менаџерот Вагнер Риберио и таткото на Нејмар несомнено е дека го искористија интересот на ПСЖ за зголемување на понудата на Барса, но на крајот играчот одби огромна понуда, дури 40 милиони евра, и се одлучи да остане на Ноу Камп. Но сепак, според платата  заостанува од таа на Меси која е 42 милиопни евра“, пишува Гоал.

    Но тој пропаднат обид беше само почеток за ПСЖ. Поранешниот тренер Лорен Блан во април рече дека на клубот не му требаат скапи засилувања туку тим, но управата на тимот баш не се сложуваше, и нужно бараше ѕвезда после заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

    Во летниот преоден рок покажа дека ПСЖ штеди за мега трансфер на Нејмар и оштета од 222 милиони евра„ Додека во 2018 година, според договорот тоа барање ќе порасне на 250 милиони евра!

    Во Барселона нема грижи, уверени се дека Нејмар во догледно време нема намери да оди никаде. Барем така тврдат.  Постои најголем проект за обнова на Ноу Камп вреден 600 милини евра.

    Работите задоцнија за идното лето, но се чека дозволата .Интересно, и пред 60 години ветувачкиот талент Луис Суарез е продаден во Италија со цел во буџетот да легнат пари за иградба на стадион и купување на Ласло Кубала.

    https://www.youtube.com/watch?v=i0K_2Sgrw0Y