Договор кој докажува дека фудбалот стана само бизнис

    Дека фудбалот стана неверојатен бизнис каде што играчите станаа пребогати размазени ѕвезди, покажува договор на фудбалер од пред 50 години.

    Моментално најплатен фудбалер на Црвените ѓаволи е Пол Погба кој заработува 290 000 фунти неделно, а денеска е откриен договор од 1965 година, кој го имаше голманот Пат Дун.

    Дун, кој почина во 2015 година, заработуваше на Олд Трафорд 35 фунти неделно, а за двегодишен договор доби 4000 фунти. Сега за тие пари фудбалерите фудбалерите добиваат лежачи во милионските домови, а фудбалот од ден во ден се повеќе ја губи „душата“.