Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси славеше во лондонскиот дуел против Кристал Палас со 1-0 и така ја прекина црната низа во англиската Премиерлига.
Стрелец на единствениот гол беше Каи Хаверц со глава во 64. минута, но мора да се спомене и настапот на Кепа Аризабалага кој имаше неколку важни интервенции.
Тренерот Грем Потер по мечот кажа дека е важно тоа што неговиот тим конечно успеал да победи.
„Среќен сум за победата. Одигравме добро. Кристал Палас имаше шанси, но победата е наша и освоивме три големи бодови. Мислам дека се трудиме да играме добро“, кажа Потер.
Челси има цела недела за да се подготви за следниот натпревар, кој го игра на „Енфилд“ на 21 јануари од 13.30 часот.