Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја повлече тужбата против својата мајка за правата над неговиот бренд и така ја загуби битката на Суд.
Ѕвездата на Далас маверикс сакаше да регистрира свој бренд „Лука Дончиќ“, но тоа не можеше да се случи бидејќи мајка му, Мирјан Потербин е сопственик на брендот „Лука Дончиќ 7“.
Иако Дончиќ имаше наведено дека станува збор за друг бренд и нема поврзаност со тој на мајка му, сепак не му беше дозволено такво нешто.
Дончиќ во тужбата напиша дека бил многу млад кога го регистрирал брендот и не знаел што треба да направи, па затоа мајка му ја имала контролата.