Јани Атанасов потпиша за Краковија од Полска!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов потпиша договор со полска Краковија на три ипол години.

Атанасов си замина од Хајдук Сплит пред да му заврши договорот, а трансферот во Краковија чини 300.000 евра.

Младиот фудбалер претходно играше за Академија Пандев, Бурсаспор и Хајдук.