Паметот му е во Мадрид: Мбапе среде гала-вечера го гледаше Реал! (Видео)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе минатото лето го продолжи договорот со ПСЖ, иако имаше можност да се пресели во Реал Мадрид.

„Кралевите“ долго време го сакаа Французинот и преговараа со него, меѓутоа тој на крајот ги изневери и реши да потпише за францускиот првак.

Но, Мбапе очигледно со мислите е во Мадрид, а тоа можеше да се забележи на гала-вечерата каде што го гледаше дуелот меѓу Реал и Атлетико во шпанскиот Суперкуп.