Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот гигант и поранешен шампион Интер се соочува со сериозни проблеми затоа што газдата Стивен Жанг се соочува со затворска казна.
Италијанските медиуми пишуваат дека Судот во Милано добил повик да учествува во тужбата против Жанг, кој е осомничен за лажно сведочење и долг од 300 милиони евра.
Жанг веќе со месеци се обидува да го продаде Интер преку инвестициски банки во САД, а цената во моментов е 1,2 милијарди евра.
Иако имаше најави дека за тимот има заинтересирани, меѓу кои и саудискиот принц Мохамед Бин Салман, сепак засега нема конкретни понуди.
Проблемите со пари е една од причините поради кои Интер во изминатите години мораше да ги продава своите ѕвезди.