Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси во зимскиот преоден рок потроши над 300 милиони евра за засилувања, но ниту тоа не беше доволно за да слави против Фулам, кој се покажа како цврст противник.
Едно од најскапите засилувања за премиерлигашот е Михајло Мудрик кој беше платен околу 100 милиони евра.
Украинецот ги разочара сите со неговиот настап против Фулам, а на теренот остана само 45 минути и во сите статистички сегменти остана на нула.
Мудрик немаше удари кон гол, не изнуди ниту еден прекршок, не создаде ниту една шанса, ниту додаваше во казнениот простор на ривалот.
Ова е уште почеток за Украинецот од кој се очекуваат многу работи, а како причина за лошиот меч може да се спомене и неговата настинка за која зборуваше тренерот Грем Потер.