Леброн Џејмс: Кој е најдобар во историјата? Би се избрал себеси…


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Американскиот кошаркар Леброн Џејмс синоќа стана најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата, откако го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар.

Џејмс со 38 поени го премине Џабар, а потоа доби прашање кој е најдобар кошаркар во историјата според него.

„Ќе го оставам тоа да го решат другите, да разговараат за тоа. Тоа е добра тема. Лично, јас би се избрал себеси, но секој си има свој фаворит. Знам што донесов во НБА-лигата и што можам да направам. Се чувствувам одлично“, кажа Леброн.