Старата дама не се шегува: Маестрото на Арсенал го менува Погба!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јувентус и понатака е во потрага за класичен играч за врска после заминувањето на Пол Погба.

    Се споменуваа многу имиња, а се тврдеше дека Аксел Витсел е сигурно засилување во ова лето.

    Сепак, играчот за врска на Зенит остана во Русија, а договорот му истекува на крајот на сезоната.

    Тоа значи дека Старата дама ќе може да му ги понуди своите услуги веќе во јануари, баш како и на играчот за врска во Арсенал Санти Казорла.

    Шпанецот е најдобар техничар меѓу Топџиите, но челниците сеуште се предомислуваат дали да му понудат продолжување на соработката и какви услуги да му понудат  бидејќи веќе наполни 32 години.

    Тоа може да го искористи шампионот на Италија, кој смета дека Санти е подобар избор од Витсел.