До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Стигна на Стенфорд Бриџ како големо засилување и сигурен влог за иднината, но Мичу Матшуаји не се снајде најдобро.
Белгискиот напаѓач во ова лето меѓу Сините стигна за огромни 39 милиони евра, а одигра бедни 52 минути во Премиер лигата.
Антонио Конте ниту еднаш не му даде шанса од првата минута, а еднаш се запиша во стрелците.
Затоа во два меча во Лига купот постигна истотолку погодоци, но сепак тоа е недоволно дека овој 23-годишен го задоволи вкусот на управата.
Сега е речиси сигурно дека веќе на зима ќе го напушти клубот, а најголем интерес покажува паднатиот гигант Милан.
Италијанскиот клуб е во потрага за некое големо име, а Белгиецот би требало да дојде на позајмица.
Се шпекулира дека Конте нема ништо против за неговиот напаѓач да одработи шест месеци меѓу Росонерите, и да се врати во Лондон.
https://www.youtube.com/watch?v=zg8XYnuX_4Q















