Барселона платила 1,4 милиони евра на потпретседател на судиската комисија во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „АС“ објави информација која ја потресе Шпанија. Барселона во период од две години од 2016 до 2018 му платила 1,4 милиони евра на поранешниот шпански судија Хозе Марија Енрикез Негреира.

Негреира по пензионирањето беше потпретседател на судиската комисија во Ла Лига од 1994 до 2018 година.

При „чешлање“ на документите на поранешниот судија кој е обвинет за корупција било откриено дека Барселона му давала пари, а каталонскиот гигант не го негираше тоа.

Барселона призна дека имале договор со судијата од 2009 до 2018 година, но истиот бил прекинат од Жозеп Марија Бартомеу.