Барселона ќе биде активна во јануари:  Одличниот дефанзивец блиску до заминување


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Одличниот дефанзивец на Хофенхајм Фабиан Шар може лесно во јануари да направи голем чекор во кариерата и да премине во редовите на Барселона.

    Како што пренесува Мундо Депортиво, спортскиот директор Роберт Фернандез го гледаше во живо на натпреварот на репрезентацијата на Швајцарија во Андора (2:1), а токму Шар беше стрелец на гол од пенал.

    Барселона веќе долг временски периоод го следи Швајцарецот, уште од времето кога настапуваше за Базел, и спремна е во зимскиот преоден рок да испрати понуда до германскиот тим.

    Се верува дека Каталонците можат да го доведат 24-годишниот фудбалер за окоу 10 милиони евра.

    https://www.youtube.com/watch?v=4tnpxizdJLg