„Водев сметка за Гвардиола како помал брат“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сегашниот менаџер на Евертон Роналд Куман се пофали во интервју за Дејли Мирор, дека имал големо влијание на Пеп Гвардиола во времето додека тие двајца биле соиграчи во Барселона.

    „Тренерот Јохан Кројф го примети во академијата, и му пружи шанса во првиот тим. Зборуваше дека момчето е многу бистро, и дека има брз мозок и дека му е потребен некој искусен играч да води сметка за него.

    Гвардиола не се однесуваше како ѕвезда, возеше голф од втора класа.

    Ми рече дека јас ќе бидам тој. Бараше од мене да го научам на холандски стил на игра. На сите патувања, му бев цимер.

    Пеп е фантастично момче. Има голема желба да за учење, сакаше да знае се.

    Но тоа што најмног уме импресионираше кај него е тоа што беше сосема обично момче, со двете нозе земја. Никогаш не покажуваше знаци за ароганција.

    Не се однесуваше како ѕвезда во Барелона, возеше голф од втора класа“, откри Куман.