Критики за Фернандеш: Тоа беше глупав потег, мора да се опамети!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја елиминираше Барселона од Лига Европа и избори осминафинале, а еден глупав потег направи Бруно Фернандез, по кој судијата покажа на белата точка.

Роберт Левандовски го реализираше пеналот за водство на Барселона од 1-0, а тоа предизвика критики од легендарниот Питер Шмајхел.

„Тоа беше глупав потег, да се повлече фудбалер кој излегува од казнениот простор. Воопшто не треба да направи контакт во таква ситуација. Мора да се опамети“, кажа Шмајхел.

Португалецот, сепак, се поправи за грешката кога му асистираше на Фред за 1-1, а потоа Антони погоди за целосен пресврт и триумф од 2-1.