Милан доведува играч од Премиер лигата?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Како што пишуваат странските медиуми Милан сака да доведе играч од Прермиер лигата.

    Тие и порано го следеа фудбалерот на Саутемптон Душан Тадиќ, но челниците на италијанскиот клуб посебно се задоволни од тоа што го видоа во квалификациите за СП.

    Имено, Тадиќ игра инзвонредно во селекцијата на Србија, асистира, постигнува голови…а баш таков тип на играч е потребен на Милан, кои веќе со години, иако пробуваат, не можат да се вратат на старите стази, кога доминираа на италијанскиот и европскиот фудбал.

    Италијанските медиуми понатака наведуваат дека скаутите на Милан веќе пред натпреварот меѓу репрезентациите на Србија и Австрија, каде што Тадиќ доминираше на теренот, го контактирале неговиот менаџер Дејан Јоксимовиќ.

    Милан веќе некое време е во преговори околу ангажирање на Милан Бадељ, на кој играч Јоксимовиќ е истотака официјален претставник, но изгледа дека во иднина доаѓање на Душан Тадиќ може да стане приоритет.

    Луѓето од италијанскиот клуб од Јоксимовиќ добиле информација дека откупната клаузула за одличниот фудбалер е 20 милиони евра.