„Игуаин е роден да постигнува голови“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во ова лето го засили Јувентус во трансфер вреден 94 милиони евра.

    Игуаин се одлучи да го напушти Наполи во ова лето и да премине во Јувентус, а веќе во првите мечеви покажа дека ќе биде големо засилување за Старата дама.

    Соиграчите на неговата екипа се воодушевени со неговите партии, а посебно се истакна Патрис Евра ко је пресреќен што Аргентинецот стигна во Торино.

    „Игуаин е роден да постигнува голови. Тој е одличен човек кој ќе направи големи работи во фудбалот. Се восхитувам што едноставно полудува кога нема да постигне гол. Еднаш двајцата седевме на клупата и ми рече дека мора да постигне гол кога е во игра бидејќи така знае дека даде свој придонес за екипата“ , рече Евра.

    Францускиот репрезентативец додаде дека веројатно ја игра својата последна сезона во дресот на Јувентус, и дека тоа е дополнителен мотив за во оваа сезона да дојде до титулата ЛШ со оваа екипа.

    За Евра тој трофеј е сега поблиску кога Игуаин стигна во Јуве.