Трансфер политика на Челси – не сметаат на играчот, го сака Барса!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Многу се вложуваше во фудбалската школа, но се повторува старата приказна…

    Роман Абрамович е 12 години во клубот, вложуваше во трансфери, но и во фудбалската школа.

    Челси е клуб кој на позајмица има најмногу играчи во Европа, расфрлани се по лигите од Холандија, преку Германија и Шпанија, ги има и во Серија А, но ретко кој добива шанса да се врати.

    Познати се проблемите што „Сините“ ги имаат со стоперите, изгледа дека ќе мораат да срушат светски рекорд за дефанзивецот за да ја спасат сезоната. За тоа што Јувентус бара за својот „министер во одбраната“, можевте да прочитате ОВДЕ, а Челси во ниту еден момент не помисли дека веќе има решение.

    Во прашање е Андреас Кристенсен, данскиот репрезентативец каде што Сините го позајмица на Мехенгладбах.

    Тој не е откритие во оваа сезона, веќе во минатата одигра одлично, има 20 години, навивачите го избраа за играч на годината пред Гранит Џака. Гладбах имаше одлична сезона, Данецот можеби очекуваше враќање на Стенфорд Бриџ, но од тоа не беше ништо.

    Сега се појави Барселона, веруваат дека Кристенсен е играч за иднината, спремни се на Челси да платат околу 25 милиони евра за момчето кое собра десетина натпревари за репрезентацијата на Данска, а дебитираше за Челси пред две години во Лига Купот против Шрузбери.