Ѓоковиќ остана без настап и на Мастерсот во Мајами


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи ниту на Мастерсот во Мајами, откако претходно го пропушти Индијан Велс бидејќи не доби дозвола за влез во САД.

Ѓоковиќ се обидуваше да влезе во САД и да заигра на турнирите, но бидејќи не е вакциниран против ковид-19, не успеа во намерата.

„Се обидовме да направиме исклучок за Новак Ѓоковиќ, но тоа не беше возможно. За жал, ова не е во моја надлежност“, кажа директорот на турнирот во Мајами, Џејмс Блејк.

Ова значи дека Србинот ќе паузира до Монте Карло, каде што се очекува негов настап.