Мбапе: Го направивме првиот чекор, но битката допрва почнува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја доби капитенската лента од селекторот Дидие Дешам и ја носеше во дуелот против Холандија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Мбапе постигна два гола во триумфот на Франција од 4-0 и кажа дека е среќен поради победата.

„Се подготвуваме цела недела за да не ги разочараме навивачите. Ова беше нашиот прв меч по Мундијалот во Катар. Сакавме да играме како и до финалето. Првиот чекор испадна лесен, но борбата допрва почнува“, кажа 24-годишниот напаѓач.

Франција го игра следниот меч в понеделник против Ирска.