Три англиски гиганти се борат за потписот на Ковачиќ


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ би можел да си замине од Челси идното лето, но негова следна дестинација ќе биде некој друг премиерлигаш.

„Сините“ се подготвени да го продадат Ковачиќ за 35 милиони евра, затоа што планираат да го реновираат средниот ред и да се засилат со уште еден фудбалер.

Како главни кандидати за потписот на Ковачиќ се Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул, кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат Хрватот.