Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите аргентински тенисери во историјата, Хуан Мартин Дел Потро се повлече од тенисот поради проблемите со повреди, но сега повторно размислува да се врати на теренот, и тоа поради Лионел Меси.
Дел Потро минатата година пред Мундијалот во Катар ветил дека ќе заигра на уште еден турнир, ако Аргентина стане светски шампион.
„Го сакам тенисот и никогаш не ми е проблем да го земам рекетот во рака за да видам како се чувствувам. Проблемот ми е коленото, но работам на случајот. Сакам да играм на Ју-Ес Опен. Имам време за да тренирам и ќе видиме како ќе реагира моето тело“, кажа Дел Потро.