Првпат во историјата играме против Фарски Острови, Македонија оди на триумф!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македнските фудбалери денеска играат пријателски меч против Фарски Острови од 18 часот во Скопје и тоа ќе биде прв меч во историјата меѓу двете екипи.

Македонија е фаворит на натпреварот, а селекторот Благоја Милевски најверојатно ќе ротира во составот и ќе направи измени во однос на мечот против Малта.

„Се надевам дека сите се подготвени да го дадат максимумот, способни да се стават во функција за утрешниот меч“, кажа Милевски.

На мечот сигурно нема да настапат Столе Димитриевски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу и Аријан Адеми, а сигурно Милевски ќе одмори и уште некој од првотимците.