Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем го отпушти Антонио Конте пред неколку дена, откако Италијанецот имаше прес-конференција на која ги нападна фудбалерите на премиерлигашот.
Лондонскиот тим ќе му исплати 4,5 милиони евра на Конте за предвремениот прекин на договорот, но загрижувачки е тоа што во изминатите 10 години оваа екипа платила околу 63 милиони евра за откази на тренери.
Најмногу пари земал Жозе Мурињо, односно 22,8 милиони евра, по што следи Нуно Еспирито Санто со 16 милиони евра, па Маурицио Покетино со 14,2 милиони. Следен е Андре Вилаш-Боаш со 5,1 милион евра и Конте со 4,5 милиони.