Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски, кој го носи дресот на ТСЦ Бачка Топола, е еден од хероите кои спречија поголема трагедија на магистрален пат во Србија.
Мирчевски раскажа дека во тие моменти имале голема среќа да избегнат камион, кој удрил зад нив.
„Се направи песочна бура, за среќа ние застанавме пред сообраќајката каде што веќе имаше неколку автомобили. Се тргнавме десно од патот и по неколку секунди зад нас се удри камион, тука избегнавме несреќа. Излеговме од колата и почнавме да ги запираме автомобилите да не се удрат и им помагавме на луѓето. За среќа немаше потешко повредени и загинати, набрзо стигнаа брзата помош и полицијата“, изјави Мирчевски за „Спортски.мк“.