Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аријан Адеми, по 13 години поминати во Динамо Загреб, реши да се пресели во екипата на Пекинг Гуан од Кина.
Адеми е една од најголемите легенди на хрватскиот шампион, а Динамо Загреб реши да ја повлече „петката“.
„Свесни сме дека во фудбалот е неблагодарно да се повлече еден број. Гледајќи ја историјата на Динамо и легендите кои настапуваа за нашиот клуб и оставиле голема трага, бевме одлучни да не се повлекува ниту еден број. Сепак, клубот донесе одлука дресот со број „пет“ да биде повлечен се додека Адеми не престане активно да игра фудбал, односно додека не ја заврши кариерата. До тој момент дресот со број пет ќе биде резервиран само за него“, соопштија од тимот.