Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Англискиот шампион Манчестер сити славеше во дербито против Ливерпул на „Итихад“ со 4-1 и така ја продолжи битката со Арсенал за шампионската титула во Премиерлигата.
Ливерпул имаше добар старт на натпреварот и водство преку Мохамед Салах, но Хулијан Алварез ги врати „граѓаните“ во игра и израмни на 1-1.
На стартот на второто полувреме домаќините постигнаа уште два гола, и тоа преку Кевин Де Брајне и Илкај Гундоган за водство од 3-1, а победата ја запечати Џек Грилиш во 74. минута, кога погоди за 4-1.
Манчестер сити има 64 бодови, односно пет помалку од лидерот Арсенал, додека Ливерпул е шести со 42 бода.