Лапорта: Знам какви ми се непријателите, но ќе се борам до крај!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанското обвинителство и УЕФА почнаа постапка против Барселона за случајот „Негреира“ со плаќање пари на поранешен член на судиската комисија во Ла Лига.

Жоан Лапорта обвини дека се води кампања против Барселона за корупција, иако каталонскиот гигант никогаш не ги прекршил правилата.

„Немаат ништо против нас и сакаат да ни ја уништат репутацијата и честа. Не можат да си играат со чувствата на Барселона, јас ќе ја бранам до крај. Тактиката на непријателите е да нè уништат и да нè притискаат додека нес е откажеме, но тоа нема да се случи“, кажа Лапорта.