Ембид постигна 52 поени, Леброн го носи Лејкерс кон плејоф (Видео)

Џоел Ембид најверојатно ќе ја добие наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, откако синоќа постигна 52 поени во победата против Бостон (103-101).

Ембид постигна повеќе од половина поени за својата екипа, а исто така имаше и 13 скокови, додека Џејмс Харден постигна 20 поени и 10 асистенции.

Одлична ноќ имаше и Леброн Џејмс, кој постигна 37 поени за триумф на Лос Анџелес Лејкерс против Јута со 135-133 по продолженија.

НИкола Јокиќ одигра само 24 минути во поразот на Денвер од Хјустон (103-124), а притоа постигна 14 поени и 10 скокови.