Скапо го чинеше тепачката: Баерн Минхен го суспендира Мане

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане предизвика инцидент во соблекувалната на германскиот гигант, откако го нападна Лирој Сане.

Мане поради неговиот срамен потег мораше да се извини, но и тоа не го спаси од казна, откако Баерн Минхен го суспендира.

„Мане нема да биде дел од тимот на Баерн за мечот против Хофенхајм следната сабота. Причина за тоа е недоличното однесување по натпреварот против Манчестер сити“, соопшти баварскиот гигант.

Искусниот напаѓач оваа сезона пристигна во Минхен за 41 милион евра од Ливерпул, а во текот на кариерата играше и за Мец Б, Ред Бул Салцбург и Саутемптон.