До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Офанзивниот играч за врска на Арсенал Гранит Џака во летото стигна во Лондон од Борусија Мехенгладбах, а по негово мислење Премиер лигата е далеку физички потешка бидејќи се бара многу повеќе од Бундеслигата.
Швајцарскиот интернационалец сепак истакна дека германското првенство на тактичко и на техничко ниво не заостанува зад англиското.
„Физички Премиер лигата е потешка од германската Бундеслига.
Темпото е силно, а притисокот е се поголем, поготово во Арсенал, каде што се очекува далеку повеќе од Мехенгладбах. Но, технички и тактички ни Бундеслигата не заостанува. Ја следев Премиер лигата и порано и можам да почувствувам дека луѓето живеат за фудбалот.
Атмосферата на стадионите е неверојатна и многу е забавно да се игра во Англија. Терените се одлични и мило ми е што можам да играм на нив“, заклучи Џака за клупскиот сајт.















