Сензација: Жанг го претепа Џојс! (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кинескиот боксер Жилеи Жанг го совлада Британецот Џо Џојс и го освои шампионскиот појас на ВБО.

Жанг направи изненадување по шест рунди, кога судијата мораше да го прекине натпреварот и да прогласи победа со технички нокаут.

Џојс беше голем фаворит за победа, но Кинезот заслужено славеше и сега сака да го нападне појасот на Александер Усик.

„Имам 39 години, дисциплиниран сум и работам напорно. Мојот следен чекор е да ја нападнам титулата“, кажа Жанг.