Лазаров избра 35 ракометари на поширокиот список за дуелите со Луксембург и Турција

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список со ракометари за последните два квалификациски натпревари за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

На списокот на Лазаров има 35 ракометари, а дел од нив ќе настапат против Луксембург на 26 април и против Турција четири дена подоцна.