Родриго по мечот со Челси: Модриќ ми е како татко

Талентираниот фудбалер Родриго постигна два гола против Челси во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), по што му се заблагодари на Лука Модриќ.

Родриго кажа дека секогаш е инспириран кога игра во ЛШ и кажа дека ќе се бори до крајот за да ја освои титулата во елитното натпреварување.

Бразилецот за Модриќ кажа дека му е како татко и му се заблагодари за помошта која ја добива од него.

„Лука секогаш е тука за мене. Секогаш разговара со мене во тешките моменти за да останам мирен. благодарен сум му за сè што направи за мене. Тој ми е како татко“, вели Родриго.