Мане ја доби најголемата казна во историјата на Баерн Минхен


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен го казни Садио Мане со најголемата санкција во историјата на германскиот клуб.

Сенегалецот го удри соиграчот Лирој Сане по поразот од Манчестер сити (0-3) во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони, а тоа ќе го чини 350.000 евра.

Фудбалерите се скараа по дебаклот на „Итихад“, по што Мане со рака го удри германскиот репрезентативец во лицето.

Искусниот напаѓач беше привремено отстранет од екипата и не беше во составот против Хофенхајм, но се врати на тренинг во вторникот.