Ковачиќ почнал преговори со голем ривал на Челси

Хрватскиот репрезентативе Матео Ковачиќ на лето најверојатно ќе го напушти Челси, но ќе остане во англиската Премиерлига.

Медиумите пишуваат дека „сините“ се подготвени да го пуштат 28-годишниот Ковачиќ, кој има договор до следното лето.

Челси е подготвен да го продаде Ковачиќ за 35 милиони евра, колку што нуди Манчестер сити кој сака да го ангажира Хрватот уште летово.

„Граѓаните“ веќе го контактирале агентот на Ковачиќ и заминале на први преговори во Лондон, по што ќе бидат познати повеќе детали.