Покетино доаѓа во Челси и веднаш ќе купи напаѓач за 60 милиони фунти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Маурицио Покетино е на праг да потпише за Челси и да стане нов тренер на премиерлигашот од следната сезона.

Покетино веќе почнал да размислува за нови засилувања на „сините“, а една од позициите кои треба да бидат засилени е нападот.

„Дејли Мејл“ објави дека Расмус Хојлунд е голема желба на Покетино и за неговиот трансфер ќе бидат потрошени околу 60 милиони фунти.

Во трката за тренерското столче во Челси претходно во конкуренција беа Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, но и двајцата отпаднаа од списокот по разговорите со газдата Тод Боели.