Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус има бурна сезона во Серија А затоа што му беа одземени бодови, а потоа истите му беа вратени.
Враќањето на бодовите беше привремена одлука, откако Италијанскиот олимписки комитет ја прифати жалбата на Јувентус, но вчера беа објавени нови детали и тоа значи дека „Старата дама“ ја чека нова казна.
Јувентус поставил нереални цени на трансферите и така добивал предност во однос на финансиските резултати, а Федерацијата како доказ ги користеше сумите пресметани на порталот „Трансфермаркт“ и најверојатно тоа ќе биде доволно за нова казна.
Според првите најави, Јувентус ќе остане без девет бодови и со тоа ќе испадне од топ-4 во Серија А.